
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.Б.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.11.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана, информираа од МВР.
Во друг случај, вчера на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Р.(47) од Скопје, затоа што кај него е пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.