Вчера во 23.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полицијата го уапсила 20-годишниот К.К од Скопје поради тоа што сакал да запали знаме.
„Тој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме. Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во билтенот на МВР.