Кривична против 18-годишен скопјанец фатен со дрога

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 27.08.2024 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и таблети МДМА, сооштија од полицијата.