Кривична пријава за точење алкохол на малолетници во угостителски објект во Кочани

Сопственик на угостителски објект во Кочани ќе се соочи со кривична бидејќи точел алкохол на малолетници. 

Одделението за внатрешни работи Кочани, до Основно јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – угостителски објект од Кочани, Б.Д.(49) од Кочани - одговорно лице во правното лице и А.М.(24) од Кочани - вработен во правното лице поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „точење алкохолни пијалоци на малолетници“  по член  204  став 1 и 4 од Кривичниот законик.

На 13.02.2022 во 00.00 часот, при контрола во угостителскиот објект, биле затекнати пет малолетници кои биле послужени со алкохолен пијалок од третопријавениот А.М..