Кривична пријава за скопјанка која возела со фалсификувана возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи информираше дека, СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднел кривична пријава против Н.И.(41) од с.Кондово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа" по член 378 од Кривичниот законик.

- Пријавената, иако немала положено возачки испит за Б категорија и немала возачка дозвола, набавила и искористила фалсификувана возачка дозвола за управување со моторни возила од Б категорија, информираат од полицијата.