Кривична пријава за скопјанка која со туѓа лична карта аплицирала за брз кредит

МВР информира дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава против скопјанката Џ.Ш.(33), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ по член 249 од Кривичниот законик.

-Имено, пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје, по што со неа на 19.12.2022, во една филијала на финансиско друштво, аплицирала за одобрување брз кредит, со што имала намера да се стекне со противправна имотна корист во износ од 32.000 денари, обидувајќи се да го доведе во заблуда вработеното лице во друштвото дека личната карта е нејзина, известуваат од МВР.