Кривична пријава за скопјанец, нападнал вработени во Градски паркинг

Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Скопје поднело кривична пријава против Б.И.(30) од Скопје.

Како што информираат од полицијата Б.И. на 01.04.2022 на паркинг на подрачјето на Центар, со тврд и со остар предмет физички нападнал вработени во ЈП Паркинзи Центар додека извршувале службени дејства.