Кривична пријава за скопјанец, фатен со хероин и куршуми

СВР Скопје поднесе кривичнa пријавa против А.Б. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во понеделникот полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул. „Дримкол“ во Скопје, при што пронашле и одзеле хероин и куршум од непознат калибар. Исто така, на 01.04.2019 година на ул.„Љубљанска“ во Скопје полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.