Кривична пријава за неколку лица, правеле малверзации со кредити

Министерството за внатрешни работи информираше дека, СВР Битола поднесе известување против Т.С.(43), Н.С.(41) државјани на Грција, со регулиран престој во Р.Северна Македонија, и правно од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажен стечај“, како и против В.Н.(48) од Битола, директор на филијала и Н.М.(50) од Битола, член на Управен одбор на банка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

СПрво и второпријавените на 28.10.2015, како основачи и сопственици на правното лице, донеле одлука за задолжување на друштвото со рамковен револвинг кредит од банка, кој го склучила Н.Ц., како управител. Врз основа на рамковниот револвинг кредит, на 31.10.2017 прво и второпријавените ја искористиле можноста за прекумерно задолжување и склучиле договор за краткорочен револвинг кредит на износ од 30.900.000 денари. Во наредните четири месеци вршени се исплати по договори за краткорочни денарски и девизни кредити во вкупен износ од 696.000 евра, кои не ги употребиле за нови инвестиции, туку за лична потрошувачка, се вели во соопштението на полицијата. 

Според полицискиот билтен тие со преземање на несразмерни обврски ги повредиле своите должности при управувањето со имотот со што предизвикале стечај на правното лице од Битола. Трето и четвртопријавените од банката пропуштиле навремена контрола на кредитниот должник и на наменската употреба на средствата, а на барање на правното лице била донесена одлука со која депонираните девизни депозити биле ослободени и заменети со меница и три бланко потпишани налози за пренос, со што ја оштетиле банката за 500.000 евра.