Кривична пријава за криумчарење на мигранти од Кина

Поднесена е кривична пријава против 25-годишниот Д.П. од с. Вранештица поради криумчарење мигранти.

Имено, на 04.10.2024 околу 08 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица” Д.П. бил затекнат, на место во близина на граничен камен 61/3, додека во својство на водич, пренесувал илегални мигранти од Кина, од грчка на македонска страна.

Две женски лица од Кина се предадени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.