СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица поради сторено кривично дело насилство. Л.Б.(23) и Ш.Ф.(24), двајцата од с. Гајре, тетовско се сомничат дека на 22.04.2024 во угостителски објект во Тетово, пријавените физички го нападнале Б.Ќ.(22) од с.Јажинце, тетовско, при што употребиле и тврди предмети.