Кривична пријава е поднесена против 18-годишен Тетовец откако на почеток на годинава во период од само 2 дена украл три возила. Одземените автомобили им се вратени на сопствениците.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Л.Т.(18) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „одземање моторно возило“ и едно кривично дело „кражба“.
Ноќта помеѓу 30/31.01.2024 во Тетово, пријавениот одзел две заклучени паркирани возила „фолксваген голф“ и „мерцедес“, а исто така, одзел и едно незаклучено паркирано возило „мерцедес“, кои биле пронајдени и вратени на сопствениците“, вели билтенот на МВР.