Кривична пријава против жител на Велешта, на социјалните мрежи ширел детска порнографија

Поднесена е кривична пријава против 28-годишниот И.Ј. од селото Велешта поради ширење на детска порнографија известува СВР Охрид. Осомничениот се зачленувал по групи каде споделувал фотографии и линкови со таква содржина.

„Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, ги споделувал во други групи и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина“, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии, кои биле одземени.