Кривична пријава против скопјанка за изработка и употреба на лажна платежна картичка

 

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(50) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка".
Пријавената, во текот на мај 2022 година, обезбедила податоци од платежна картичка на оштетеното лице и ги употребила за вршење на 12 неовластени трансакции за купување на разни услуги во вкупна вредност од 17.000 денари и за тој износ го оштетила лицето, а таа се стекнала со противправна имотна корист.