СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикажување на порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Во јануари 2023 година, пријавениот со закана направил видео запис со експлицитна содржина од малолетничка, по што преку мобилни апликации го споделил записот на нејзиното семејство и соученици.