Кривична пријава против скопјанец за кражба на црква

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против лицето дваесет и девет годишен скопјанец, поради основи на сомнение за извршено кривично дело “тешка кражба“.

Пријавениот кривичното дело го извршил во саботата околу 00,30 часот во црквата “Св. Петар и Павле“, лоцирана во с. Горно Лисиче, каде што со употреба на физичка сила, насилно го отворил задниот прозор, влегол внатре, и од сандачињата за доброволни прилози во црквата одзел околу 3.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

По преземените оперативни мерки утврден е идентитетот на сторителот, кој што инаку е познат сторител на имотни деликти на подрачјето на Кисела Вода, за што досега осумпати е кривично пријавуван. Вчера Б.П. бил пронајден и приведен, а по извршен разговор, во целост го признал делото и го појаснил начинот на кој што го извршил.