Кривична пријава против петмина скопјани, физички нападнеле возач на автобус

Министерството за внатрешни работи денес информираше дека СВР Скопје поднело кривична пријава против Е.Ф.(26), А.Ѓ.(24), С.Ф.(52), А.Ѓ.(31), С.Ф.(35) и Г.К.(25), сите од село Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Пријавените на 31.03.2018 година во село Зелениково, во автобус кој сообраќал на релација Скопје – село Зелениково, физички го нападнале возачот на автобусот.