Кривична пријава против едно правно и две физички лица поради точење алкохол на малолетник

Полицијата во Струга поднесе кривична против едно правно лица и две физички лица 44-годишниот Т.Б од Струга и против 54-годишната В.Н. вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение дека точеле алкохол на малолетно лице.

„Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи алкохолни пијалоци, а подоцна, по консумирањето, кај него настанало труење и во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга“, информираат од МВР.