Кривична пријава против две лица од Тетово А.Џ.(25) и Р.Џ.(22) откако сториле кривично дело „осигурителна измама“ и „поднесување на лажни докази“.
Имено овие две лица направиле лажни медицински извештаи на кои на истите го фалисфикувале потписот и печатот на лекарите чие име стоело на нив. Потоа со истите тие извештаи отишле кај адвокат кој поднел барање за оштета до осигурителна компанија која им исплатила 160 илјади денари.
Оваа шема стигнала до СВР Тетово каде бил направен увид и било забележано дека ниту еден од тие медицински извештаи не бил заведен во системот „Мој термин’’. Дополнително лекарите се произнеле дека извештаите не се пополнети од нивна страна, ниту потписот е нивен.
Од СВР Тетово била контактирана осигурителната компанија во врска со обештетувањето кое го добиле прво и второпријавените, од каде бил добиен одговор дека на 30.12.2021 преку адвокат до нив било доставено барање од прво и второпријавената за нематеријална штета, по што на двајцата им биле исплатени вкупно 160.000 денари.
Во изготвување на фалсификуваните медицински извештаи им помагало друго лице, а кое потоа им ги дало на првопријавениот и второ пријавената и на тој начин им помогнал да се стекнат со противправна имотна корист од 160.000 денари.