Поднесена е кривична пријава против две лица поради сторено кривично дело „лихварство“. Се работи за лицата Д.М.(69) и Ф.М.(52), двајцата од с.Падалиште, гостиварско.
Тие се сомничат дека во период од речиси 12 години од 2012 до 2024 година, во повеќе наврати на две лица им давале пари на заем, за што подоцна им побарувале несразмерна камата, а им упатувале и закани доколку не им биде дадена бараната сума.