
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.Д. (76) од општина Центар Жупа поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
Според информациите од полицијата, на 23 февруари 2026 година полициски службеници извршиле увид во домот на пријавениот, постапувајќи по негова претходна пријава дека со употреба на сила било влезено во неговиот дом.
При извршениот увид било утврдено дека не постојат елементи на кривично дело и дека настанот бил лажно пријавен. По целосно документирање на случајот, против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.