Кривична пријава е поднесена против 53-годишен маж од с. Трново, Гостивар откако пред 2 дена поради недоразбирање во сообраќајот најпрво го нападнал А.И и неговата ќерка, за потоа да извади нож во обид да го повреди А.И.
„Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.Т.(53) од с.Трново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 12.08.2024, поради недоразбирање во сообраќајот, пријавениот физички ги нападнал А.И.(44) и неговата ќерка и се обидел со остар предмет да го повреди А.И.“, се вели во полицискиот билтен.