Криумчар од Турција фатен како превезува мигранти - претходно не застанал на полициски „стоп“ кај Романовце

Лишен од слобода криумчар на мигранти, во чие возило биле пронајдени три лица од Египет и три лица од Алжир.

Како што информираат од МВР, вчера околу 21:30 часот на бензинска пумпа на автопатот Скопје - Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода О.К.(33) од Турција, затоа што со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир.

Претходно, на наплатната станица Романовце, тој не застанал на даден знак од полициските службеници, но по преземени мерки возилото е пронајдено.

О.К. е лишен од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат од МВР.