Критики, навреди, барања за оставки...Навивачите „лути“ на македонските ракoметари

Спортската јавност разочарана од слабите изданија на македонските ракометари на Светското првенство. 

Македонската ракометна репрезентација за првпат од едно Светско првенство се враќа со сите загубени мечеви во групната фаза.

На социјалните мрежи фановите го искажаа својот револт од слабата игра, а не изостанаа ниту критиките, навредите, барањата за оставки...

-Со ваква жар да баравте оставки од тие кои ве крадат, додека попатно носат и погрешни одлуки што влијаат врз реалниот живот, можеби и ракометот ќе беше поарен, порача новинарката Катерина Синадиновски нотирајќи дека во општеството имаме фрапантен фатализам во тоа како се доживува македонскиот спорт - чиниш живот или смрт.

-Прилично голема дискрепанција во сериозноста меѓу тој однос и односот кон клучни теми, вели таа. 

-Во овие моменти, со оваа репрезентација, со овие репрезентативци, почнуваме речиси од тотална нула, ниту имаме играчи со квалитет на Лазаров, Мојсовски, Миркуловски, ниту имаме уиграни играчи кои ќе играат силна одбрана со препознатлив стил на игра. Од дебитантите и не можевме да очекуваме повеќе, едноставно ова за нив беше тотално ново искуство, но факт е дека поискусните репрезентативци кои играа на претходните првенства заедно со претходно споменатите, мораа да превземат поголема одговорност и да одиграат на повисоко ниво, вели еден навивач. 

-Дали имаа тренинг пред да појдат на светско, прашуваат на шега на социјалните мрежи.