Во фејсбук групата „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“ го прозваа Град Скопје за долгата реконструкција на една улица во општината.
- Град Скопје. Ќе одбележиме уште некој ден точно 60 дена откако се раскопа улицата Христо Татарчев, поранешна Сава Ковачевиќ. 40 дена ниту некој доаѓа да работи ниту најава дека ќе се сработи. Автобуси, 24-ка не поминуваат, возила шибаат по шахти околу шахти, се снаоѓаат за нивни пари... се наведува во објавата која е проследна со неколку фотографии од очајната состојба на сообраќајницата.