Критично во соседството, Србија очекува денешниот број на заразени да биде највисок досега

Премиерката Ана Брнабиќ за ТВ Прва, изјавила дека денеска во Србија ќе има повеќе заболени од кога и да било од почетокот на пандемијата. 

Според неа, податоците од утринава покажуваат дека бројките се катастрофални. Притоа, истакнува дека засега маските се задолжителни во затворен простор и на отворено, каде нема услови за растојание. 

„Имаме вакцини и лекови, можеме да помагаме на регионот, па дури и на земји од ЕУ. Имаме се што ни треба и добиваме меѓу првите“, објаснува таа, како дел од причините зошто не се засилуваат превентивните мерки. 

Кризниот штаб денеска заседава околу организирањето на наставата во новото полугодие и соодветно на нивните препораки, ќе бидат донесени одлуки.