Кристијано Роналдо нема да дојде во Скопје!

Кристијано Роналдо и дефинитивно нема да игра против Манчестер Јунајтед на Суперкуп мечот во Скопје. Ова беше потврдено и од шпанскиот весник „Марка“. Реал Мадрид ќе мора без својот најдобар играч да се бори за првиот трофеј во новата сезона. 

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан му дал дозвола на Роналдо да биде надвор од стројот за дуелот против Манчестер Јунајтед на 8 август. Според планираното, Кристијано ќе биде во стројот за Суперкупот на Европа против Барселона, кој се игра на 13 август. 

Со оваа вест и дефинитивно потонаа желбите на навивачите на Реал дека во Скопје ќе го видат најдобриот фудбалер во светот за 2016 година.