
Во пристанишниот град Драч во Албанија, уапсени се тројца македонски државјани, соопшти тамошната полиција.
Двајца од нив, како што посочија, биле означени со висок ризик и биле барани од властите на Македонија, за убиство, ранување, нелегално поседување оружје, како и учество во криминална организација.
„Во рамките на акцијата, во Драч, се пронајдени, уапсени и лишени од слобода се македонските државјани М.Џ. (26) роден во Скопјe и С.Н.(34) години, роден во Норвешка. За овие државјани, Интерпол има распишано меѓународни потерници за убиство, ранување, нелегално поседување оружје и извршување кривични дела како дел од криминална организација, во Република Македонија, се наведува во полициското соопштение.
Во моментот на апсењето, кај нив биле пронајдени и лажни документи, со кои основано се сомнева дека ја напуштиле Македонија.
Уапсено е уште едно лице од Македонија, Џ.Р. (26) за сторени кривични дела „поддржување на сторител на кривично дело“ и „фалсификување исправа“, кој им обезбедил на двајцата уапсени фалсификувани лични исправи.
При претресите во неговиот стан, полициските служби пронашле и заплениле помала количина марихуана.
„Успешното финализирање на акцијата е резултат на тесна и интензивна соработка меѓу специјализираните структури на државната полиција и меѓународните партнери, преку заеднички истражни тимови и координирани оперативни акции, службите на Дирекцијата за специјални операции на Одделот за криминалистичка полиција, во соработка со американски партнери за спроведување на законот со присуство во регионот и со колегите во Македонија, се вели во соопштението.