Крени го својот глас, оти без него ќе останеш!

Маја Платнар, една од учесничките во протестите „Ултиматум - НЕ благодарам“, повика на масовност и посериозни чекори за неприфаќање на францускиот предлог. 

Еве што порача таа на својот фејсбук профил: 

Секој ден во 19:00

Секој ден, во секој град, во секое село во 19:00

Блокада на институциите

Блокада на градовите

Секој еден од нас да им пишеме писмо, рачно да ги оставиме пред собрание, да видат колку сме

Да направиме обрач, да не може да влезат пратениците

Прекрасно е шетањето и тоа што се среќаваме, ама мора посериозни чекори

Секој ден во 19:00

Крени го својот глас, оти без него ќе останеш!

Вечерва предвидено е протестниот марш да се врати на старата маршрута, од Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.