Кремаво и неодоливо: Салата со печурки, идеална за ручек, мезе или свеченост

СОСТОЈКИ:

600 гр. шампињони 

200 гр. пченка 

6 лажици масло 

1 лажиче вегета 

400 гр. кисела павлака

200 гр. мајонез 

магдонос

ПОДГОТОВКА:

Се сечат ситно шампињоните, се додаваат масло и зачини и се ставаат на оган, а бидејќи самите ќе пуштат вода нема потреба да се додава. 

Се динста додека водата не испари. 

Се вари пченката, па мие со ладна вода и се цеди. 

Се мешаат во сад павлаката со мајонез, зачини и магоднос. 

Се става се во сад, печурките, сосот со павлака и мајонез и пченка. 

Нека се лади 10 минути и сервирајте.