Кремасто топло чоколадо: Најслаткиот вкус за празниците

Ова кремасто топло чоколадо е топло и вкусно и совршен избор за празниците.

Можете да го подготвите за целото семејство и да уживате во неговиот вкус за време на вашата омилена серија или филм.

Ставете 4 шолји млеко на оган на средна топлина и почнете да мешате. Можете да изберете млеко по ваш избор. Додајте 6 лажици какао и мешајте додека не се растопи какаото и смесата не стане топла. Штом млекото е затоплено, додадете 6 коцки од вашето омилено чоколадо или 4 лажици Нутела или било кој друг крем по ваш избор.

На крајот додајте неколку зрнца  или капки ванила екстракт. 

Послужете го топло, а можете да додадете и шлаг и цимет.