Крем чорба од тиква

Есента е период на тиквата, а нашиот најомилен оброк е чорбата од тиква.

Photo by Jade Aucamp on Unsplash

Здрава, вкусна и едноставно неодолива.

Потребни состојки:

1 тиква во средна големина

2 моркови

2 големи компири

2 лажици павлака или грчки јогурт

4 чешниња лук

1 главица кромид

магдонос

сол 

црн бибер

Начин на подготовка:

Ставете ги да се варат тиквата, компирот и морковите. 

Во меѓувреме, штом се при крајот на варењето, запржете ги кромидот и лукот. Тргнете ги од оган штом добијат златеста боја. 

Потоа во големо тенџере додадете ги варените зеленчуци заедно со запржениот кромид и лук. Додадете околу 400 мл вода. Штом се свари целата смеса,добро испасирајте.

На крајот, додадете ја павлаката и зачинете со сол и бибер. Вашата чорба е готова.