Креаторите на Спутник В откриваат: 80% од „вакцинираните“ Руси купиле лажен сертификат

Ковид-состојбата во Русија повторно е сериозна, а претставници од научниот центар Гамалеја, каде е развиена вакцината Спутник В, тврдат дека барем 80% од оние кои тврдат дека се вакцинирани, всушност имаат лажни сертификати. 

Тие велат дека може да се испита дали некој ја примил вакцината Спутник В или пак има лажна потврда за тоа, со помош на анализи за присуство на траги од вакцината. 

Во Русија е познат случајот со купување сертификати. Како што вели Александар Гинцбург од Гамалеја „тие трошат пари, па потоа се разболуваат и умираат за свои пари“, додавајќи дека самите себе се лажат и дури и почнуваат да се однесуваат како да се вакцинирани. Покрај тоа, ги ставаат и блиските во опасност, предупредува Гинцбург.