„Креативен“ Италијанец сакал да прими вакцина во силиконска рака

 50-годишен Италијанец од градот Биела, кој не сакал да се вакцинира, но за да добие зелен сертификат, при вакцинацијата подметнал силиконска рака и поради тоа беше пријавен и сега ќе му се суди.

Вистинската рака ја фиксирал позади грбот, додека на медицинската сестра ја подал силиконската рака. Сестрата веднаш сфатила за што се работи.

Тој дури се обидел да ја убеди медицинската сестра да замиже и му даде документ.

-Да не беше трагично, ќе беше комично. „Но, во ситуацијата во која живееме, со загуба на животи, со толку многу финансиски тешкотии, тоа е навистина неприфатлив чин“, рече Алберто Сирио, претседател на регионот Пиемонте, во кој спаѓа и Биела.

Инаку, Амазон продава силиконска рака за 488 евра, објавија локалните медиуми.