Одлични се со пиво, за грицкање, од надвор крцкави, а од внатре меки.
СОСТОЈКИ:
300-400 гр брашно
1/2 прашок за печиво
100 гр маргарин
100 гр кисела павлака
50 мл јогурт
сол
2 јајца
семки
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Марагаринот, павлаката и јајцата разматете ги со миксер, додајте јогурт, брашно, прашок за печиво и малку сол. Сè убаво измесете со раце да добиете глатко, меко тесто.
Развлечете со сукало на половина сантиметар и пресечете на стапчиња. Премачкајте со жолчка, посипете со семки. Печете на 200 степени околу 15 минути.