СОСТОЈКИ:
300 гр варени компири
2 јајца
100 гр остро брашно
2 лажици врело млеко
150 гр рендан пармезан
СОСТОЈКИ ЗА ПОХОВАЊЕ:
2 јајца
презла
сечкан магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирите испасирајте ги додека се врели, па додајте јајца, брашно, млеко и сирење и замесете тесто.
Направете топчиња и поховајте ги, претходно извалкани во јајца и презла измешана со сечкан магдонос.
Пржете ги крокетите во голема количина масло додека не поруменат.
Послужете со сос од разматено сирење или павлака. По желба во сосот додајте зачини.