Крцкави колачиња без брашно, јајца и млеко

За почеток на новата работна недела, секогаш е добро да се наградите себеси со некој вкусен и здрав десерт. А ниту еден десерт не е повкусен од оној кој самите ќе го подготвите.

Ова е нашата верзија за едни едноставни, здрави и многу вкусни колачиња.

Потребно е (за 10 колачиња):

40 г кокосово брашно

20 г мелени бадеми

30 г овесни или јачменови снегулки (кратко сомелете ги)

2 лажици кокосово масло

2 лажици путер од бадеми (или обичен путер)

1/2 зрела банана

сол

ванила

1/4 филџан чоколадни зрнца

1/4 лажиче сода бикарбона

2 лажици кокосов шеќер (мусковадо)

Подготовка:

– Зрелата банана испасирајте ја со вилушка и додадете ги сите останати состојки. Убаво измешајте за да се спојат сите состојки. Ако смесата е премека, ставете ја на кратко во фрижидер да се стегне.

– Потоа со лажица вадете од смесата и обликувајте топчиња. Топчињата наредете ги на тава обложена со хартија за печење.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути.