Крцкава салата со одличен баланс на хранливи состојки

Салатата е секогаш одлична идеја за лесен ручек или вечера, без да внесувате многу калории, а сепак да бидете сити. 

Со правилен баланс на состојките, само со еден оброк ќе можете да ги внесете сите хранливи материи.

Состојки (за две лица):

Половина зелка (средна големина)
Една краставица
Еден домат
Две варени јајца
Три лажици наут од конзерва
Маслиново масло и балсамико
Зачини по желба
Кубети

Подготовката е едноставна. Зелката исецкајте ја, зачинете со сушен босилек, сол, сушен лук и други зачини по желба. Додадете ги маслиновото масло и балсамикото и добро измешајте. Потоа, додајте ги и исечените краставица и домат, промешајте уште еднаш, па ставете ги наутот и парчињата варени јајца. Одозгора ставете коцки препечен леб (кубети) и зачинете со уште малку балсамико крем по желба. 

Оваа салата можете да ја јадете како самостоен оброк, но и да ја завиткате во бурито-тортиља премачкана со хумус.