Кражба во Тафталиџе: Скопјанец преку ноќ останал без својот автомобил

Вчераутро во СВР Скопје, Ж.П.И. (47) од Скопје пријавил дека во периодот од 21 часот завчера до 07.30 вчера, од паркинг простор на улица „Братфордска“ му било одземено неговото возило „Мазда“ со скопски регистерски ознаки.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.