Кражба во Центар: На скопјанец му го украле моторот од подземна гаража

Вчера во 12.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Е.М. (39) од Скопје пријавил дека на 29.05.2018 година на ул. „Тодор Александров“ во подземна заедничка гаража од зграда, од страна на непознат сторител му бил одземен мотоцикл „Јамаха Х Макс 400“.

Сторителот на непознат начин го стартувал мотоциклот по што го напуштил местото. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 450.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.