Кражба на уметнички дела во културен центар во Скопје

Два дена по отварањето на изложбата на слики во Мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од уметникот Павле Кузманоски, украдени се 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејсажи создадени во последните 60 години.

– По големата кражба во седумдесетите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар, наведуваат од Матица Ексклузив.