Кражба на пиштол во скопската населба Драчево

Вчера наутро во полициската станица во Драчево, 78-годишниот  С.Т. од Скопје пријавил дека во периодот од 15.02.2017 до 11.04.2017 година од неговата викенд куќа во с.Осинчани, скопско, непознат сторител извршил кражба.

Сторителот влегол преку незаклучената врата и одзел пиштол „ЦЗ“ калибар 7,62мм со две рамки со по седум  куршуми во нив.

С.Т. пиштолот го поседувал со дозвола. 

Полицијата ги презема сиите потребни мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.