Кражба на „Партизанска“: Му го украле автомобилот додека бил во продавница

На скопјанец му го украле автомобилот додека пазарувал во продавница на булеварот Партизански одреди во Скопје.

Според информациите на МВР, денеска В.Н.(34) од Скопје пријавил во полиција дека синоќа околу 01 часот по полноќ две машки лица му го украле автомобилот марка „форд куга” со скопски регистарски ознаки. Според пријавата, крадците го искористиле невниманието на пријавителот кој го оставил возилото да работи и отишол да купи производи од маркет.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата и возилото, како и целосно расчистување на случајот.