Кражба на бензинска пумпа во Скопје

Две лица му се заканиле на вработен во бензинска пумпа на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје и одзеле пари од дневниот промет.

Од МВР известуваат дека случајот бил пријавен ноќеска во 02.26 часот, во СВР Скопје. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.