Кратовец ќе се соочи со кривична поради закани кон лекар и сестра

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против И.С.(43) од с.Туралево, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 23.01.2023 во Итна медицинска помош во Кратово, пријавениот се однесувал агресивно и упатил закани кон дежурниот лекар и медицинска сестра, а се обидел и физички да ја нападне медицинската сестра, информираа од МВР.