Краток љубовен хороскоп: Што ве очекува до крајот на август?

Прочитајте што ве очекува до крајот на август.

Овен

Дури и ако сте сами, би можеле одлично да се забавувате. Ги имате сите адути во свои раце. Потребно е само да го кажете она што го имате на срцето. Со малку повеќе искреност, ќе успеете да бидете посреќни.

Бик

Ништо посебно нема да се случи за Биковите на љубовен план. Тоа се должи на тоа што вие не им давате шанса на другите да ви пријдат. Бидете поискрени и кон себеси и кон другите. Не одете со глава во ѕид.

Близнаци

Ќе посакате да се дружите со другите луѓе, но и да најдете време да се фокусирате на односот со саканата личност во тишина и мир. Можен е мал хаос ако пробате да го изразите тоа што го чувствувате.

Рак

Вашите контакти оживуваат и полека се враќате меѓу луѓето. Можни се нови познанства. Ништо не ве спречува да бидете она што сте, а така можно е да освоите и една интересна личност од својата околина.

Лав

Партнерот ќе биде резервиран кон вас, а вие ќе сакате да ги споделите сите работи. Оние кои ја бараат својата сродна душа ќе бидат оригинални во своето додворување. Препуштете и се на љубовта.

Девица

Она што моментално го нема во вашиот живот, успевате умешно да го надоместите со својата фантазија. Ако излезете меѓу луѓето, ќе наидете на многу можности за убави познанства. 

Вага

Сакате многу работи, но не можете да задржите ништо до себе. Размислете колку самите сте заслужни за тоа. Ако сте во врска, партнерот ќе ви помогне полесно да ги изразите своите емоции. 

Шкорпија

Збрката која ќе настане во комуникацијата меѓу вас и саканата личност успешно ќе биде надминато со искрени зборови и прегратки. Тие кои се во стабилни врски е најдобро да сакаат без зборови. Останатите ќе ја покажат својата наклонетост преку дела.

Стрелец

Станувате понезадоволни со својата ситуација. Сакате да ја подобрите ситуацијата, но морате да се отворите кон луѓето и да одите чекор по чекор. Некои Стрелци ќе треба да почнат од почеток, но внимавајте да не ве нервираат некои луѓе.

Јарец

Можно е да дојде до минливо незадоволство во односите. Вие ќе сакате нешто ново, но партнерот сака да игра на сигурно. Само прифатете ја ситуацијата како минлива и намалете ги своите љубовни очекувања.

Водолија

Ќе се повлечете во себе и ќе ги криете своите чувства од другите. Тоа ќе ви донесе големо незадоволство, но најдобро е да бидете трпеливи. Успехот лежи во тоа да се трудите да ги избегнете кавгите по секоја цена. Дотерајте се и поминете време надвор под маска.

Риби

Оние Риби кои се во врска ќе успеат да најдат заеднички јазик. Оние пак кои бараат сродна душа веројатно ќе бидат мета на нечии додворувања која ќе им биде забавна и пријатна. Можно е некој од работа да ве покани на љубовен состанок.