Краток љубовен хороскоп до 15 октомври: Рибите и Биковите ги очекува романтична средба

Што ни носат ѕвездите на полето на љубовта до 15 октомври?

Овен

Ќе почнете повеќе да размислувате за своите лични потреби и да анализирате како да ги остварите своите желби. Ќе бидете силни и сигурни во себе, но сепак ќе се трудите да ги покриете емоциите. Но, нема причина за тоа. Не плашете се од себе.

Бик

Ќе балансирате меѓу потребата да бидете сами и повиците за излегувања. Слушајте го внатрешниот глас. Ве очекува интересна љубовна средба.

Близнаци

Она што ви недостасува во животот, успешно ќе го надокнадите со вашата фантазија. Сепак, не претерувајте со многу сонување бидејќи би можеле да пропуштите важни можности. Деновите ќе бидат променливи, а вие треба да излегувате почесто.

Рак

Во личните прашања, ќе се потпирате на своите пријатели. Тие ќе ви помогнат да одлучите како да продолжите понатаму, бидејќи ќе се чувствувате многу збунето. Кога ќе тргнете во акција, вашата самодоверба ќе биде малку  нарушена, но вашите пријатели се тука за вас.

Лав

Сакате да споделите многу работи со другите, но вашиот партнер ќе биде резервиран и нема да сака другите да се запознаени со вашиот љубовен живот. Оние кои не се во врска, ќе бидат уникатни и со својата харизма ќе освојуваат каде и да се појават.

Девица

Не ви недостасува ништо на ова поле. Ако сакате промени, ќе успеете да запознаете личност која ќе ве освои, преку вашите пријатели. Ве очекуваат октомври денови исполнети со сјајна забава.

Вага

Се чувствувате како да не можете да најдете сигурност во љубовта. Размислувајте за тоа колку сте вие заслужни за тоа, а колку се другите. Партнерот ви укажува на тоа како да ги изразите емоциите, но не можете да го најдете тоа во себе.

Шкорпија

Ќе настане збрка во комуникацијата меѓу вас и саканата личност, но сето тоа ќе се реши со искрени прегратки. Оние кои се во стабилна врска ќе сфатат дека најдобро е да сакаат без премногу зборови. Осамените ќе посакаат да ги освојат оние кои им се допаѓаат без зборови, туку со дела.

Стрелец

Ќе станете малку задоволни со својата ситуација. Сакате да ги подобрите работите, но тоа не оди преку ноќ. Некој ќе го прифатат фактот дека ќе треба да тргнат од почеток, други ќе се нервираат, а трети ќе бидат рамнодушни.

Јарец

Ќе дојде до минливо незадоволство во односите. Вие ќе сакате нешто ново, а партнерот сака сигурни опции. Мудрите меѓу вас ќе ја прифатат постоечката ситуација како минлива и привремено ќе ги намалат своите љубовни очекувања.

Водолија

Ќе се повлечете во себе и ќе ги скриете своите чувства, но тоа нема да ви донесе задоволство. Најдобро е да бидете трпеливи и да ги намалите своите љубовни чувства. Успехот ќе дојде само ако ги избегнувате кавгите.

Риби

Оние кои се во врска ќе успеат да најдат заеднички јазик со саканата личност. Оние кои уште ја бараат својата сродна душа, веројатно ќе бидат мета на нечие додворување и ќе уживаат во тоа. Можно е и да се јави некоја личност од работа и да ве покани на состанок.