Краткометражен документарен филм „Светло’’ – приказна за истрајност, мотивација и следење на својата визија

Деновиве во Кинотека - Скопје се одржа премиера на краткометражниот документарен филм „Светло’’/’’The Light - A Fitness Feat for Mental Health’’.

Како режисер на филмот се потпишува младиот и талентиран Јован Саркањац од Скопје, додека автори на филмот се Зоран Милошевски и познатиот боди-билдер Тоше Зафиров.

Приказната во документарецот „Светло” е инспирирана од трагичен личен и семеен настан, но е доволно мотивирачка и инспиративна поради тоа што многу прецизно и емотивно го опишува моментот на пресврт во мајндсетот на главниот протагонист – Зоран Милошевски.

Милошевски по професија е адвокат, кој одлучува да направи пресврт во својот живот и да ја напушти удобноста на своето секојдневие. Со надчовечки напор, труд и верба во себе и во својата визија, Милошевски во помалку од една година ја остварува својата цел и прераснува во врвен боди билдер и успева да настапи и да земе награда на Светскиот шампионат во Боди-билдинг. Оттаму, тој ја открива бескрајната мотивација која го води по макотрпниот пат на трансформирање и ни кажува дека овој животен подвиг му го посветува на својот починат брат. Но, пораката на Милошевски не е само лична, неговата цел е да допре до што поголем број луѓе на кои животот им донел мрачни и тешки моменти кои ги влечат надолу, но дека со неговиот пример покажува дека постои светлина на крај од тунелот.

Ве покануваме да го погледнете овој емотивен, но и мотивирачки краткометражен филм на следниот линк: