Кратки бракови и брзи разводи во Македонија - кој е главниот виновник за ваквата појава?

Во последните години разводите во Македонија стануваат една многу честа појава. Стручните лица ставаат акцент на тоа која е причината за разводот, што најчесто влијае за да се дојде до таа појава.

Инаку разводите не само во Македонија, тие се многу чести и надвор од границата. Па се поставува прашањето дали светските трендови на развод влијаат и кај нас.

Новите податоци повторно укажуваат на се позагрижувачките ситуации во македонските бракови.

Експертите велет дека браковите во Македонија се, се пократки, а разводите се, се побрзи.

Родителите секој на своја страна, а децата се оние кои најмногу патат, а особено тинејџерите.

Кавгите се најопасни по 5 години во брак ! Според анализата, најопасни се кавгите меѓу сопружниците  по влегувањето во петтата година од бракот. Најмалку се разведуваат во четвртата година од бракот. Но интересен е податокот дека оние што се во брак меѓу 10 и 14 и меѓу 15 и 19 години многу повеќе се одлучуваат на развод од оние кои се во брак помалку од три години.

И мажите и жените најмногу се разведуваат кога се на возраст меѓу триесетатата и четириесетата година.Но, податоците покажуваат дека по четириесетата година, мажите повеќе се одлучуваат на развод во однос на жените кои се на иста возраст. Жените пак повеќе се одлучуваат на развод кога имаат помалку од триесет години во однос на мажите кои се на истите години.

Секој 10-ти пар глуми среќен пар пред децата затоа што нивната среќата им е најважен приоритет, но со тоа им праќаат погрешна порака и тие усвојуваат неисправни модели за однесување во љубовта.

Околу 83% од паровите ќе му дадат втора шанса на бракот и дополнително ќе се потрудат да успеат затоа што имаат деца, а секој 10 пар го одложува разводот до моментот кога нивните деца ќе бидат доволно возрасни за полесно да го поднесат тоа.

 Дури 5% од паровите кои рекле дека останувале во брак само поради децата, успеале да ги решат проблемите и да се смират дури откако едниот си заминал од дома.  Паровите кои мислеле дека само разводот е решение, обично чекаат децата да наполнат 18 години пред да им го соопштат тоа. Родителите глумат пред децата, затоа што не сакаат тие да чувствуваат вина и да мислат дека само заради нив останале во несреќен брак. Сепак, психолозите тврдат дека со тоа не им прават услуга, затоа што тие деца се учат на погрешни модели на однесување кои подоцна ги усвојуваат.

Околу 75% од паровите жалат што не се разделиле порано, а не откако нивните деца си отишле од дома, а 90% од нив велат дека тоа би го направиле порано доколку имале поголема поддршка од своето опкружување, семејството и пријателите.

И странските научници работат многу на оваа тема, барајќи ја главната причина.

Професорот по психологија Ели Финкел на универзитетот Нортвестерн во Илиноис тврди дека луѓето се големи идеалисти. Поточно, тој посочува дека премногу очекуваме од врските и љубовните партнери и дека е потребно да ги смалиме очекувањата доколку сакаме да се чувствуваме исполнето.

Зборувајќи за медиумите за својата нова книга „ The all-of-nothing marriage: How the best marriages work, Финкел се обидел да објасни зошто сфаќањето за бракот се променило во последните неколку години. Тој верува дека настанати се одредени промени во општеството, кога станува збор за бракот. Финкел објаснува дека покрај претпоставите дека ќе го сакаме или обожаваме својот партнер/партнерка, модерните сфаќања и културните промени довеле до очекувања дека партнерот треба да ни даде можност да се развиваме и напредуваме.

Тој смета дека често луѓето се потпираат на своите сопруги/сопрузи за да се чувствуваат поспособни и компетентни, но и поамбициозни и попривлечни, што создава голем притисок на врската. Неуморната потрага за таква иделана врска ја загрозува можноста бракот да успее на подолг рок. Финкел додава дека не е воопшто лошо да се очекува помалку од својот партнер. Тој предлага поминување на квалитетно време со парнерот, како и поголем број заеднички активности за да бидеме сигурни дека со партнерот имаме исти очекувања и мислење за врската.

Има многу причини причини поради кои браковите завршуваат, а главно жените се тие кои ја започнуваат приказната за развод и се свртуваат кон подобра иднина. Но, ни мажите не се имуни на многу проблеми со кои се сретнуваат во бракот, на многу проблеми со кои се соочуваат во бракот, а ова се најважните поради кои доаѓа до развод.

Престана да биде забавно

Кога се запознавте бевте млади и безгрижни. Но секој кој има дете знае дека грижите започнуваат со родителската одговорност. Но тажно е кога партнерот не е поготвен да работи на тоа да ја врати магијата во односот.

Сексот е редок и рутински

Нема човек које  во брак, а да на се пожалил на тој проблем. Секоја обврска исцрпува па сексот е последна работа која ви паѓа на памет по напорниот ден. Не мора да значи дека тоа е исправно, но е така. Дали тоа е вистинска причина за развод. Не е решение да се биде во брак во кој нема секс, но можете да испланирате нешто романтично, да избегате на викенд од обврските и да ја вратите страста.

Мажот веќе не е на прво место

Нормално дека не е, кога децата се присутни. Тој не може да се помири со фактот дека вашиот живот повеќе не се врти околу неговите потреби. Разговарајте и издвојте моменти за вас, водете љубов, а потоа искрено разговарајте.

Нема почитување

По сите заеднички години, не ве гледа како самостојна, независна и жена со самодоверба. Вашата самодоверба исчезнала откако не сте успеале да ја вратите линијата по породувањето, а семејството ви е поважно од кариерата. На крајот  на краиштата кој не се променил во последните 15 години. И тој се променил, ама не гледа!

Товар и приговарање

За жал приговорите и сопките во бракот често можат да станат секојдневие.Вам ви е потребна помош, а тој не ви ја дава.И на крај вие сте мрчало кое e постојано незадоволно. Искрената комуникација е единствен начин да ги решите проблемите.