
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Хаг, придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска имаа кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Претседателката кратката средба ја оцени како симболичен гест на почит и партнерство.
Во својата објава на социјалните мрежи посочи дека остануваме посветени на сојузништвото со САД како наш клучен стратешки партнер во рамките на НАТО и пошироко.